Уапсен подофицер поради 50 килограми кокаин на брод за обука

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Воената полиција на Црна Гора  уапси подофицер поради сомнение дека бил вмешан во трговијата на 50 кг. кокаин, запленети на бродот за обука „Јадран“ во Тиват.

Дрогата била откриена врз основа на оперативни сознанија на Министерството за одбрана. Во вчерашната акција е приведен Раденовиќ поради сомнение дека знаел за намерата на, засега неидентификувано лице, да криумчари кокаин.

Покрај дрогата, пронајдени се и повеќе парчиња нелегално оружје, јави Радио-телевизија Црна Гора.

Share.