Убавина среде Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Вака изгледа трансофрматорот кај местото викано Стара болница во Битола. Ова е дело на битолчаните Драган, Владимир  и Дарко. Откако фотографиите беа споделени на социјалните мрежи тие добија позитивни критики од јавноста за тоа како може еден простор да се уреди, да биде привлечен за околината , а и да ве натера како минувач да го свртите погледот кон оваа креација.

Авторите на графитите често сакаат да го изразат  своето мислење, протест или воопшто да воспостават контакт со својата околина.

Она што го работат во просторот го ставаат и на ниваната веб страница, која денеска ја посетивме, а каде сретнавме дел од нивните проекти. Таму има и фотографии од друг трансформатор кој исто така го оплемениле. Станува збор за трансформаторот кај Офицерскиот дом во Битола.

Тимот  на Hybrid Minds Crew е составен од уметници од Битола кои што се активни две години. Како поединци работеле повеќе од 10 години во областа на аудио/визуелните уметности. Главниот фукус им е изработка на графити и мурали, но покрај тоа работат и на илустрација, анимација, графички дизајн и кинематографија.

Графитите се уметничка форма во која што спаѓаат сите графички дела на нечија сопственост. Графитите датираат уште од времето на Античка Грција и Римската Империја. Во денешно време, најчесто се користи боја како што се лименките со боја (спрееви) и маркери. Во повеќето држави цртањето на графити на нечија  сопственост се смета за атак, без дозвола од сопственикот. Понекогаш графитите се користат за објавување на политички пораки. За некој графитите се уметност, а за некој не.

Ваквата промоција на уметноста како декорација секако има забележителен ефект.

Share.