Убавините на македонските планини преку фотографиите на Томе Лисичанец

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во битолскиот Завод и Музеј беше отворена третата самостојна изложба на фотографии на Томе Лисичанец, актуелен претседател на Здружението за зачувување на природата „Аквила“ од Кавадарци.

Изложбата под наслов „70 години со планините“ содржи околу 135 фотографии со мотиви од македонските планини и воопшто од природата со која авторот ја одбележува својота долгогодишна планинарска активност.

И со оваа изложба негова цел е да ги запознае посетителите со природните знаменитости на нашата земја. Неговата прва самостојна изложба на фотографии беше под наслов „Да го запознаеме нашето природно наследство“ а втората пред точно 20 години под наслов „Мојата татковина“.
Лисичанец бил пораснат во Битола каде и станал планинар, 70 години активно се занимава со планинарство.
Своите импресии од убавините на Македонија ги презентира токму преку својата изложба.

Шумарскиот факултет го завршил поради љубовта кон планините, а пред се Пелистер.Лисичанец е и екологист, кајакар на диви води, каратист, тренер и судија за борење слободен стил, познавач на оринтофауната, фото-аматер и пред се` планинар и претставува пример за вистински вљубеник во природата.
На изложбата говореше и битолчанецот Петар Ставрев, фотограф и вљубеник во планинарството.

 

Share.