Убедлив пораз на фудбалерите на Пелистер од Скопје

0
252

Скопје славеше со 4-0 против Пелистер во 31. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Последнопласираниот тим на табелата денешниот триумф го најави уште во 2. минута со голот од пенал на Ѓоко Алексовски. Во 32. минута Кофи Досех зголеми на 2-0, а во 42. минута Моунпаин заокружи на 3-0 во првото полувреме.

Во 69. минута поразот на Пелистер беше заокружен со автоголот на Гоце Тодоровски.