Убиени две лица во Универзитетот на Мичиген

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Машко лице пукало со огнено оружје во простории за престој на Универзитетот на Мичиген, при што загинале најмалку две лица, стои во полицискиот извештај.

Според изјавата дадена од училиштето, полицијата верува дека инцидентот почнал како „семејна расправија“, информирајќи дека загинатите не се студенти.

Осомничен напаѓач е 19-годишно момче, кое се` уште не е уапсено, и кое се смета за вооружено и опасно.

Пукањето се случило при жестока расправија околу употребата на оружје, по училишниот масакр во Флорида, минатиот месец.

Share.