Убиен словачки истражувачки новинар, пишувал за даночни измами

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Словачкиот истражувачки новинар Јан Куцијак (27) и неговата девојка Мартина Кушнирова се најдени мртви во неговиот семеен дом, соопшти полицијата.

Високиот полициски функционер Тибор Гашпар рече дека убиствата веројатно се поврзани со новинарското истражување на Куцијак, пренесе словачки Спектатор.

Според него, тие се убиени меѓу четвртокот и саботата во Велики Мац, 65 километри од Братислава, а полицијата ги пронашла телата кога отишла во куќата на новинарот по пријава на членови на семејството.

Гашпар додаде дека новинарот бил застрелан во градите, а неговата девојка во главата.

Словачкиот премиер Роберт Фицо рече дека убиството на новинарот е досега невиден случај во Словачка, напад врз слободата на медиумите и демократијата.

Куцијак на 9 февруари објави напис за сомнителни даночни измами поврзани со луксузен станбен комплекс во Братислава, поради што група демонстранти бараа оставка од министерот за полиција Роберт Калинак, кој наводно е поврзан со инвеститорот, вели Гардијан. Двајцата осомничени негираа каква било незаконитост.

Калинак му е близок сојузник на премиерот Фицо.

mkd.mk

Share.