Увезеното месо здравствено исправно, направен е царински прекршок

0
372

Месото увезено изминатите две години од Бразил и Канада за кое, како што објавија некои медиуми, не била платена царина, било здравствено исправно и безбедно за употреба, потврди денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов.

Станува збор за 1.200 тони замрзнато свинско и говедско месо кое го увезла скопска фирма.

„Увозот е реализиран изминатите две години. Пратките со месо се прегледани на граничните премини. Документите, здравствените потврди и анализите покажаа дека месото е исправно и безбедно за употреба. Се работи само за финансиска злоупотреба кон царината“, рече Атанасов, одговорајќи на новинарски прашања по отворањето на конференцијата „Едно здравје“.