ТЕРА

REKLAMA???

УВИД ВО ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА НОВАТА ГРАДИНКА ВО БИТОЛА

Продолжуваме со инвестициите во делот на детската заштита со Светска Банка преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, вели министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска која деновиве беше во посета и на градинката која се гради во Битола.
„Бевме на увид на нова градинка со која ќе им овозможиме место во градинка на 149 деца повеќе. Градинката ќе има 8 нови занимални уредени по највисоките стандарди од кои едната ќе биде јаслена. Во Битола со оваа нова инвестиција која се очекува да биде готова со изградба до крајот на годината ќе придонесеме кон проширување на капацитетите на јавните детски установи за повеќе детски насмевки“ рече Тренечевска.