Угриновска прогласена меѓу најдобрите просветни работници

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Професорката Гордана Угриновска од Основното училиште „Елпида Караманди“ од Битола е избрана меѓу најдобрите просветни работници во Македонија за учебната година 2017/18.

На свечената академија што  Министерството за образование и Сојузот на просветни работници ја организираа во Куманово, на Угриновска и беше доделена плакета за постигнати видни резултати во воспитно-образовната работа и други активности во училиштето каде работи.

Дипломирала на Факултетот за учители – Битола и има работно искуство од 26 години како одделенски наставник во ОУ,,Елпида Караманди” во Битола.

За наградата вели дека таа е награда која обврзува и е заеднички успех од сите генерации поранешни, сегашни и идни.

На Светскиот ден на учителот за најдобри учители во 2017/18 учебна година избрани беа Лидија Михајловска „Наце Буѓони“ од Куманово, Љупка Стоименова од „Никола Карев“ Кочани, Сузана Николовска од „Кире Гавриловски Јане“ од Прилеп, Фатиме Алии од „Живко Брајковски“ од Скопје, Гордана Угриновска од „Елпида Караманди“ од Битола и Раде Илиевски од „Рајко Жинзифов“.

Share.