Ужасот на Халкидики снимен од воздух

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Објавени се и првите фотографии од Халкидики направени од воздух.

Бројот на загинати во силното невреме на Халикидики порасна на седум откако вчера е пронајдено телото на маж во областа кај Неа Каликратија, јавува Катимерини.

Форензичарите ќе истражуваат дали телото му припаѓа на 62-годишниот рибар кој исчезна во морето кај Каликратија во средата вечер.

 

Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас рече дека ќе биде понудена помош за три општини на Халкидики заради реконструкција.

Тој додаде дека сервисот, со кој се испраќаат предупредувања на мобилни телефони се уште не е во функција во Грција и порача дека е приоритет на владата да го активира.

Сите болници и здравствени центри на северот од Грција се ставени во состојба на подготвеноста, пренесе АНА.

Share.