Укинат притворот на пратеникот Василевски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Пратеникот Сашо Василевски, еден од обвинетите за насилството што се случи во Собранието на 27 април, ќе се брани од слобода, бидејќи од денеска му е укинат куќниот притвор.

Судот ја прифатил гаранција од околу 400.000 евра која ја понудил Василевски.

Ова значи дека отсега пратеникот ќе може да присуствува на собранските седници, односно во деновите кога ќе нема рочиште во Кривичниот суд.

Share.