„УКЛО за заедницата“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Текничкиот факултет од Битола, Економскиот факултет од Прилеп, ОУ „Елпида Караманди“ од Битола и ОУ „Кире Гавриловски-Јане“ од Прилеп, денес ја започнаа втората мултидисциплинарна соработка со наслов „УКЛО за заедницата“. Општата цел на работата на групите е адресирање на проблемот на општествената заедница и генерирање на решенија и комплетна документација за проектот за решавање на проблемот, односно сообраќајни алтернативи за основните училишта во Битола и Прилеп.

Во проектот се вклучени и студентите  а истиот треба да заврши до крајот на семестарот кога ќе бидат презентирани и конкретните решенија. Крајни корисници на проектот ќе бидат училиштата а ќе го понудат и на општините.

Ова претставува втора инстанца на ваков пристап за поврзување на академијата со реалниот свет, кој веќе доби и име ‘MultiCreation’ од авторките доц. д-р Моника Ангелоска Дичовска и доц. д-р Рената Петревска Нечкоска, после минатогодишната исклучително успешна проектна соработка со компанијата ИнтерВоркс од Битола каде се адресираа бизнис проблеми. Настанот  се одржа на Технички Факултет.

Share.