Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО) објави дополнителен конкурс за запишување студенти на магистерски и докторски студии. Кандидатите имаат рок да аплицираат до 8 јануари.

Според податоците објавени на uklo.edu.mk, за упис на магистерките студии има 548 слободни места на сите универзитетски единици. За третиот циклус, докторските студии пак има 117 слободни места.
Според конкурсот, на Технички факултет има отворени места за 73 кандидати за осум научни области. На ФИКТ се отворени 61 место за 11 научни области. На Технолошко-техничкиот факултет во Велес има 34 слободни места за идни магистри во три научни области. На Економскиот факултет во Прилеп има 30 отворени места во 9 наставно-научни области. На Факултетот за Туризам и угостителство отворени се 53 места за идни магистри во 6 области. И Педагошкиот факултет во Битола организира магистерски студии, а овојпат слободни места има за 73 заинтересирани за две научни програми со триесеттина различни модули. Факултетот за безбедност Скопке има 19 отворени места со магистерски програми за 5 области. На Правниот факултет Кичево има 78 слободни места за 10 научни области. Факултетот за Биотехнички науки има 19 слободни места, за 4 различни наставно-научни области. Научниот институт за тутун во Прилеп има 11 слободни места, за три научни области. Институтот за старословенска култура има 10 слободни места за магистерски студии по Класична археологија.

Факултетот за безбедност и Високата медицинска школа во втор циклус овозможуваат и стручни студии. Факултетот за безбедност има места за стручни студии во втор циклус по наставната програма Безбедност за 14 заинтересирани. Високата медицинска школа пак нуди втор циклус студии – специјализација за 7 научни проргами, а има места за 40 кандидати.
Условите и критериумите за конкурирање и запишување, спроведувањето на Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии, документите за пријавување и запишување се врз основа на објавениот Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола во академската 2025/2026 година. Детаљите може да ги погледнете на интернет страницата uklo.edu.mk












