УКЛО промовира видео од Мастеркласот за дизајнирање на инклузивно општество со искуства од прва рака, информират од Универзитетот.
Инклузија во општеството за КОЛОРС и УКЛО е повеќе од концепт што се дебатира.
Тоа е пристап за реална и суштинска промена на системот, на сите кон сите – за подобра академија и општество.
Тоа е пристап и акција за остварлива инклузија што обединува искуства, регулатива и наука – за потребната рекултурација и реструктурација.
УКЛО оценува дека 3 декември е добра прилика за промоција на видео за остраврлива инклизија и на Универзитетот и во општеството, и воедно, за потсетување кон важноста од акција и делување, за што впечатливо сведочат зборовите на Вацлав Хавел: надежта не е верувањето дека се ќе заврши добро, туку сигурноста дека тоа што го правиме има смисла!











