Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола е првиот и единствен македонски универзитет кој се приклучи на Декларацијата од Барселона за отворени истражувачки информации, соопштија на својата интернет страница. Ова подразбира дека битолскиот универзитет го поддржува глобалното движење кон отворена наука.

Дали е квантитативно или квалитативно, научно поткрепената истражувачка работа често се судира со проблеми кои и директно но и индиректно се поврзани со пари за добивање потврда на истражувачките тези. А не ретко, за појдовните точки потребно е да се знае и кој што кога во светот работел на одредената тема и до каде стигнал. За тоа служат светските бази на податоци,Добро познати примери се Web of Science и Scopus, кои играат важна улога во проценката на истражувањето и распределбата на ресурсите во многу земји. Овие бази на податоци обезбедуваат метаподатоци за научни публикации (на пр. наслов, апстракт, списание, автори, авторски врски, финансиери итн.), но тие наметнуваат сериозни ограничувања за употребата на овие метаподатоци и ги прават метаподатоците достапни само за организации кои плаќаат голема претплата.
Од Универзитетот Климент Охридски деновиве соопштија дека битолскиот Универзситет е првиот и единствен македонски универзитет потписник на Декларацијата од Барселона за отворени истражувачки информации.
Организациите кои спроведуваат, финансираат и оценуваат истражувања, се обврзуваат дека: Отвореноста ќе стане стандард за информациите за истражување што ги користат и произведуваат, Да работат со услуги и системи кои поддржуваат и овозможуваат отворени информации, Да ја поддржуваат одржливоста на инфраструктуите за отвореност на информациите, Поддржување на колективна акција за забрзување на транзицијата кон отвореност на истражувачките информации.

УКЛО е една од повеќе од 50 високообразовни институции кои се дел од оваа декларација, меѓу нив се високорангирани факултети од Германија, Франција, Турција, Колумбија, Холандија, Португалија. 40-тина организации од целиот свет обезбедуваат иформации, податоци и сервис на мрежата универзитети потписници на Декларациајта.
Ректорот, проф. д-р Игор Неделковски посочува дека реализацијата на иницијативата и приклучувањето на УКЛО кон меѓународни иницијативи од овој тип, придонесува за зголемување на видливоста на научната компонента. Проректорот за наука, проф. д-р Горан Илиќ овој нов момент го смета за значаен чекор напред во заложбата на УКЛО за поттикнување на транспарентноста во истражувачките практики, го поддржува глобалното движење кон отворена наука. – објавуваат од УКЛО.












