Украина и проруските бунтовници разменуваат затвореници

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Украинските власти и бунтовниците поддржани од Русија,  почнаа размена на затвореници во источна Украина. Ова е прва и најголема размена од 2014-та година, наваму.

Во договорот се бара од Киев да предаде 306 затвореници на бунтовниците, а за возврат да добие 74 затвореници.

Конфликтот во Источна Украина избувна во април 2014-та година, откако Русија го присвои Крим еден месец претходно. И покрај големиот број помирувања, убиствата продолжуваат. Во немирите меѓу сепаратистите и владините трупи поддржани од Русија, загинаа преку 10 илјади луѓе. Во примирјето во Минск од 2015-та, се барало размена на сите затвореници, но двете страни се осомничени дека притвориле десетици, а можеби и стотици други, за подоцна да ги употребат како причина за преговарање.

Украинските владини претставници и сепаратистичките водачи се согласија на размена на затвореници минатата недела со медијација обезбедена од лидерот на Руската православна црква.

Share.