ТЕРА

REKLAMA???

УКРАИНА СТРАВУВА ОД НАПАДИ НА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА

Украина стравува дека денеска, на Денот на независноста, Русија ќе ги изврши најбруталните напади од почетокот на конфликтот. Поради тоа, поголемите прослави се откажани во речиси сите градови, а претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Украина силно ќе одговори доколку Русија ги засили своите напади.

Претседателот Володимир Зеленски во обраќањето по повод на Денот на независноста на Украина порача дека неговата земја ќе се „бори до крај“ против руската инвазија и нема да направи „никакви отстапки или компромиси“.

Поради страв од можни напади, голем број граѓани на Киев го напуштаат градот.

Американската амбасада во Киев вчера упати апел до граѓаните на САД да ја напуштат Украина наведувајќи дека Стејт департментот има информации дека Русија планира да изврши напади врз цивилната инфраструктура и владините објекти во Украина во наредните денови.