Улица во Србија ќе го носи името Тоше Проески

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа во 2007 година, ќе добие улица во селото Jабука во близина на српскиот град Панчево.

Предлогот улица во селото Јабука кај Панчево, во која живеат голем број Македонци, да го носи името на починатиот македонски пејач, упатен е до Градското собрание на Панчево.

Со овој чин, жителите на селото Јабука, каде живееат најмногу Македонци во Србија, сакаат да му оддадат почит на Проески.

Ова ќе биде прва улица во Србија која ќе го носи името на Тоше Проески.

Проески почина пред 12 години во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.

Share.