Умерено до значително облачно и посвежо време

Времето денеска умерено до значително облачно и посвежо, по котлините со појава на магла. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Во југоисточните делови претпладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Утринските температури од 1 до 9 степени, во Битола до 5, а дневните од 8 до 15, во Битола до 12 степени.

Утре претпладне значително облачно, по одделни котлини со услови за појава на магла. Попладне со променлива облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Сподели