Умерено облачно со сончеви периоди

0
180

Малку до умерено облачно кон југот и особено југоистокот со подолги сончеви периоди. Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Претежно во западни, источни планински подрачја и на северот ќе има услови за локален дожд и краткотрајно услови за ретки грмежи. Температурата од 12 до 19 степени.

Утре ќе се задржи суво време, Нови врнежи од дожд ќе има во петок претпладне, особено во западните делови. Во сабота во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер, а ќе биде и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во недела врнежите ќе се со послаб интензитет и ќе биде посвежо.