Изложбата „ОДДО“ на македонско-црногорско-српскиот ликовен уметник и мултимедијалист Здравко Круљ, беше презентирана во КИЦ. Офицерскиот дом.
Мултимедијалната изложба на академскиот сликар го привлече вниманието на љубителите на уметноста. Здравко е и филмски режисер и мултимедијален уметник.

Има изложено над десеттина изложби во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Бугарија, Турција како и во нашата држава.Поздравувајќи ги уметниците и бројните посетители, љубителите на ликовната уметност, директорката на КИЦ Лили Бошевска, го изрази своето задоволство што оваа институција има можност уште еднаш да биде домаќин на еминентен уметник и да ги претстави неговите дела.

Здравко Круљ е роден во Подгорица, студирал во Цетиње, каде што дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во 1993 година. Автор е на над 20 самостојни изложби.
Членува во Друштвото на ликовни уметници на Босна и Херцеговина, на Друштвото на ликовни уметници на Црна Гора и на Друштвото на ликовни уметници од Битола, Македонија. Изложбата беше во рамките на неговото 30 годишно уметничко творештво.












