Умре „книговодителот на Аушвиц“

0
344

Осудениот нацистички воен злосторник Оскар Гренинг, познат како „книговодителот на Аушвиц“, умре во 97-та година од животот, јавуваат германските медиуми повикувајќи се на неговиот адвокат.

Портпаролот на обвинителството во Хановер изјави за Франс прес дека адвокатот ги информирал за смртта на Гренинг кој во 2015 беше осуден на четири години затвор за „соучесништво“ во смртта на 300.000 Евреи.

Гренинг негираше каква било своја вмешаност во масовните убиства, а тврдеше дека само ги сортирал и проценувал парите и скапоценостите одземени на логорашите, и ги испраќал во Берлин.

Гренинг умре пред да почне да ја издржува казната на која беше осуден.

Според Шпигл, тој умрел на 9 март, а веста е објавена денес.

Поранешниот есесовец и „книговодител“ во концентрациониот логор Аушвиц остана на слобода по изрекувањето на казната поради расправата дали е во состојба да ја лежи.

Врховниот суд во Германија кон крајот на декември минатата година ја отфрли неговата жалба и наведе дека е способен да ја служи казната и покрај староста, како и дека во затворот ќе добие соодветна здравствена нега. Молбата за помилување испратена во јанури поради неговата старост исто така беше одбиена.

Гренинг беше најверојатно единствениот преживеан нацистички злосторник на кого му се судело.

Осудени се помалку од 50 од вкупно 6.500 припадници на СС-силите кои служеле во Аушвиц, пишува Шпигл.

mkd.mk