Универзум на љубов и музика-концертот на Љубојна и Македонска Филхармонија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +
  • Вашите овации и долги топли аплаузи, вниманието со кое го пиевте секој тон… Се што снимивте, се што објавивте… Сета љубов искажана низ многу музика и гласот што носи силна прегратка… Палката на маестро Џијан Емин која буквално танцуваше… Се пулсираше во едно. Цел еден универзум во кој заедно се слеавме…
    Огромна благодарност до сите вас драги луѓе кои бевте и дадовте дел од таа магија. Огромна благодарност до Македонската филхармонија за посветеноста и професионалноста во секој поглед. Огромна благодарност до директорот на МФ, Виктор Илиески за пријателството и исклучителната и отворена соработка, а најголема до тебе драг Џијан за бескрајната инспиративна енергија и вложениот труд во овој музички спејс шатл.
    Со емоции кои сеуште клокотат и еуфорија која благодарение на вас сеуште не држи, со музика која допрва ќе се пее, ве чекаме на нови концертни дружби-истакнаа членовите на групата Љубојна после спектакуларниот концерт со Македонската Филхармонија.

Музиката која беше изведена е нова и оркестрирана и аранжирана од диригентот Џијан Емин.

– Идејата беше да се погледне од друг аспект нашата музика. Да се „раскрши“ како концепт и да ѝ се даде нов различен правец. Станува збор за нова музика чија комплетна оркестрација и аранжмани се на Џијан Емин. Музичкото претставување и новата музичка форма овој пат целосно ги оставивме во рацете на Џијан и под негова диригентска палка. За мене е возбудлива оваа нова соработка и во исто време многу инспиративна – вели Вера.

На сцената имаше над 70 музичари, вклучувајќи го и оркестарот на филхаморнијата, што беше посебна инспирација за членовите на групата кои истакнаа -Љубојна вака звучи раскошно и амбиентално.

-Убаво ми е што овој концерт беше на некој начин, покрај бројноста на музичарите, сепак интимно доживување на оваа музика, која што е сосема нова. Вообичаено, музиката тргнува од концерт, а потоа се шири меѓу луѓето, и тоа некако ’Љубојна’ низ годините го предлага како еден постојан циклус, како почеток на нова идеја“, истакна Вера.

– Претставивме нова музика во која има и многу авторски теми и која навистина освојува. Ова беше нова и преубава задача за концепт кој бара и дава поинакво присуство на сцената – вели Милошевска – Јосифовска.

 

Share.