Ураганот „Мајкл“ се засилува, евакуација на Флорида

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Националниот центар за урагани на САД соопшти дека ураганот „Мајкл“ веќе станал исклучително опасна бура од четврта категорија.

Во два часот по локално време окото на „Мајкл“ се наоѓало на околу 290 километри во правец југ-југозапад од Панама сити, Флорида и на 273 километри југозападно од градот Апалачикола. Брзината на ураганските ветрови е меѓу 45 километри на час во центарот на бурата и 281 километри на час на нејзината периферија.

Се очекува „Мајкл“ да биде еден од најлошите урагани кои преминале преку северозападна Флорида.

Властите на Флорида соопштија дека околу 375.000 лица биле посоветувани или им било наредено да се евакуираат од крајбрежните области.

Share.