Усвоени измените за условите за пушачите во угостителските објекти

0
1579

Со  41 глас „За“, Собранието денеска го усвои Предлог-законот за изменување на Законот за заштита од пушењето по скратена постапка.

Од пратениците, 14 гласаа „Против“ и еден „Воздржан“.

Координаторот на Пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, образложувајќи ги измените, рече дека со измените, се предвидува дозволено да се пуши на тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти и кога тие се затворени поради временските услови, но не се бара да се укине забраната за пушење во затворените објекти како јавните институции, канцеларии и слично.

Еден од најактивните при  денешната расправа од 11.седница на Собранието, Џеват Адеми од ДУИ, рече дека ќе гласа против измените, бидејќи според него, се загрозува здравјето не само на пушачите, туку и на непушачите.

Дека ќе гласа против се изјасни и пратеничката на ДОМ Лилјана Поповска.

Пратеникот на ЛДП, Горан Милевски се согласи со аргументите на Адеми и рече дека кога ќе се гласа, тој ќе излезе од собраниската сала за да нема кворум при гласањето.

novatv.mk