Уставен суд одлучи да им се намалат платите на вицепремиерите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Уставниот суд го укина членот 14, во делот: „потпретседател на Владата“ од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката. Со оваа одлука петте потпретседатели Кочо Анѓушев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика ќе земаат помали плати.

Судот смета дека функцијата вицепремиер е фиктивна, па со оглед на тоа постоечкиот коефициент за плата се намалува.
„Имајќи го предвид наведеното, произлегува дека со членот 14 од Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката се определува коефициент за плата на потпретседател на Владата што е јавна функција која не постои во правниот поредок на Република Македонија, па произлегува дека овој дел од Законот е неприменлив, поради што Судот оцени дека основано се поставува прашањето дали ваквата законска регулатива е во согласност со владеењето на правото, како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија“, стои во одлуката на Уставниот суд..

Постапката и одлуката за одредба со која се уредува плата за непостоечка јавна функција – потпретседател на Влада, Уставниот суд ја поведе по поднесената иницијатива од страна на „Левица“ во декември минатата година.

Share.