Уставниот суд за иницијативата на Анима Мунди

0
489

Деновиве труењето на кучињата е доста актуелна тема во Македонија. На социјалните мрежи кружат фотографии со моќни пораки против труењето на кучиња, а покрај нив и мачки.
Тука од една страна стои опасноста за човекот од кучињата скитници а од друга страна и да се заштитат животните од труење. За таа цел Уставниот суд по иницијативата поднесена од Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ на седница поведе постапка за членот 106 од Одлуката за комунален ред на Општина Битола, донесена од Советот на Општина Битола во 2012 година пишува порталот академик.мк

Во оваа Одлука, меѓу другото, е предвидено во едно семејно домаќинство да може да се чуваат до две кучиња.

Од Уставниот суд истакнуваат дека никаде во законодавството не се пропишува дека во едно семејство може да се чуваат само две кучиња, па според тоа одлуката е спорна од уставен и законски аспект, односно дека е во спротивност со уставните определби.

Инаку, во членот 106 од оспорената одлука, за која Уставниот суд поведе постапка, се пропишува и дека не е дозволено чување кучиња кои постојано лаат и завиваат и дека не е дозволено чување кучиња во згради и во нивните дворови, освен чување кучиња со педигре.