Уставниот суд не поведе постапка за тарифникот на извршителите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Тарифникот на извршителите, кој се најде на седница на Уставниот суд, останува во сила. Судиите одлучија да не поведат постапка за испитување на уставноста по претставката поднесена од граѓанин.

„Оспорениот правен акт за кој се вели дека бил без прибавено мислење од Комората на извршители е неосновано од причина што мислењето прибавено од Комората на извршители на Република Македонија е доставено до уставниот суд како доказ. Со ова се утврди дека во фаза на изготвување на оспорениот акт било прибавено мислење од Комората на извршители како што предвидува законот“  велат од Уставен.

Дополнително, уставен не поведе постапка ниту за измените на одредбите од законот за извршители кои ги одредуваат условите за именување на извршител. Подносителот на оваа иницијатива пак, сметал дека со законските измени, идните извршители биле доведени во нееднаква положба на сметка на сегашните.

„Правата кои ги стекнале лицата именувани за извршители или заменици на извршители според условите од стариот закон за извршување, не ги губат стекнатите права, и по започнување на примена на новиот закон поради што наводите во инцијативата за правна несигурност се неосновани.“  велат од Уставен.

Share.