Утревечер годишен концерт на Државното музичко училиште од Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Утревечер во НУ Народен Театар – Битола во 19 часот како секоја година со Годишен концерт ќе се претстават учениците од Државното музичко училиште од Битола во познат формат, со вокални, хорски, и инструнментални композиции кои се дел од образовната програма на ова училиште.

Државното музичко училиште, бележи многубројни награди и признанија на државни и меѓународни натпревари. Како и секоја година така и оваа, на државните натпревари но и на интернационалните учениците од ова училиште се наградени со специјални награди, први, втори и трети места, што доволно говори за квалитетот на образованието во битолското музичко училиште.

Музичкото училиште-Битола е формирано во почетокот на 1947 годинa и спаѓа во редот на најстарите училишта во Македонија од овај вид. Едни од најеминентните и највлијателни музички работници во музичката култура во републиката, своето образование го завршиле токму во ова училиште.
Како институција со високи професионални квалитети, активно е вклучена во културното живеење на градот и регионот, учествувајки на концерти по повод отворање на изложби, литературни презентации, соработка со други институции и здруженија, хуманитарни концерти и секако со фестивалот на класична музика „Интерфест – Битола”.

Share.