По прославата на Новата година, сега православните верници се подготвуваат за божикните празници. На ден пред Бадник, традицијата во овој регион е да се запалат коледарските огнови.
Граѓаните веруваат дека Коледарските огнови се предвесник на Бадник.Ова е стара македонска традиција, вечерта пред Бадник да се дочека надвор, крај оган, со чашка греена ракија во рацете, со македонски песни, со желби за здравје и бериќет.Иако според толкувањата на црквата овие обичаи се пагански, граѓаните ги практикуваат како можност за дружење пред божиќните празници.
Изминатите две години поради пандемијата со ковид 19 ретко можеше да се забележи коледарскиот оган. Исто така изминатите неколку години локалните власти поради загадувањето на воздухот апелираа да не се палат коледарски огнови.
На 6 јануари е Бадник. Изутрината пред секоја порта коледарите со песна и торби во рацете го најавуваат Христовото раѓање. Од домаќините добиваат костени, ореви, јаболка, бонбони и по некоја паричка.
Годинава низ 62 градови и населени места ќе се одржат Бадниковите поворки. Бадникова поворка ќе има и во Битола, организаторите ја највија за во 11 часот кај Офицерскиот дом каде сите заедно ќе ја испеат песната „Вечниот Бог“ и ќе го најават христовото раѓање.
На Бадник во некои делови од државата домаќинката меси погача во која става паричка. Се верува дека на тој што ќе му падне паричката ќе биде среќен во текот на целата година. Во Битолскиот крај мазник со паричка се врти за Василица.
На 7 јануари е Божик, највесел православен празник со кој се слави раѓањето на Исус Христос и се слави три дена. Божикното утро почнува така што во рана зора се слушаат ѕвона од сите православни цркви и храмови; се оди во црква на Божикна литургија; луѓето се поздравуваат и отпоздравуваат со зборовите Христос се роди и Вајстина се роди. Обичај е првиот човек што ќе ни влезе дома на Божик да пријател на куќата кој треба на домот и домашните да донесе здравје, среќа, благосостојба и мир.
В недела на 8 јануари oпштината организира „Божиќен концерт“ во Офицерскиот дом.
На концертот кој ќе започне во 19 часот ќе настапат Машкиот хор „Свети Нектариј Битолски“, Детскиот хор „Свети Стилијан“ од Битола и хорот „Свети Ахил Преспански“ од Ресен.
фото: Архива












