Утре во Битола до 19 степени

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Утре во попладневните часови најпрвин во западните делови ќе има
повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Локално ќе има и услови за нестабилна облачност, проследена со грмежи и со краткотраен пороен дожд.
Се очекува пообилни врнежи да има во западните делови на земјава, каде е можно да наврнат околу 25 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер.

Утринската во Битола 2 степена, а дневната ќе достигне до 19.

Потоа во наредните денови ќе има услови за слаб локален дожд, а на повисоките планини од снег. Дневната температури ќе има тенденција на опѓање, но од петок повторно ќе се
покачува.

Share.