ТЕРА

REKLAMA???

УТРЕ ВО БИТОЛА ДО -9 СТЕПЕНИ

Следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Преку денот ќе преовладува претежно сончево време, а мало зголемување на облачноста ќе има за време на викендот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре утрото ведро и многу студено, преку денот сончево. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.

Утринските температури од -12 во Берово и Маврово, -9 во Битола до -4 степени во Гевгелија.

Дневната температура во Битола до 3 степени.