Утре во Пелагонија и до -20 степени

Утрото ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со појава на слаба магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Во вечерните и ноќните часови облачноста ќе се зголеми и во североисточните делови ќе има повремен слаб снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -16 до -7, а максималната ќе достигне од -2 до 6 степени. Во делови од Пелагонија утринската температура ќе биде околу -20, а максималната околу -7 степени, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

Сподели