ТЕРА

REKLAMA???

УТРЕ ВО ПЕЛАГОНИЈА ПОРОЕН ДОЖД, ГРМЕЖИ, СИЛЕН ВЕТЕР И ПОЈАВА НА ГРАД

Според најавата од синоптичарите при УХМР, утре среда под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето на повеќе места ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во четврток ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

„ Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно во Пелагонискиот регион со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а локално со поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд и силни и чести електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Утринската ќе биде околу 15 степен, а дневната температура до 28 степени. Кон крајот на денот ќе имаме стабилизирање на времето и во следните денови ќе имаме стабилно време. Во петок и во деновите од викендот ќе биде ветровито, ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец што ќе услови во деновите на викендот да имаме пониска дневна температура која во Пелагонискиот регион очекуваме да го достигне 28 степен“, изјави Јулијана Фиданоска Мишкоска, дежурен синоптичар од УХМР.

Доколку се остварат овие врнежи со голем интензитет за кратко време траење на одредени помали сливни површини, во среда на 5ти јули, па и следниот ден четврток, можно е да дојде до поројни истекувања на помалите водотеци и суводолици и до несакани излевања на нивните води кои би можеле да предизвикаат локални проблеми како на крајбрежјето така и на патната инфраструктура која е во нивна близина, а на одредени места можна е и појава на свлечишта и одрони. Во одредени градски населби можна е појава на локални проблеми поради брзото истекување на водите по улиците, а атмосферските води од олуците приклучени на канализациите можат да предизвикаат комунални проблеми, велат од УХМР 

Во соопштението наведуваат дека Достапните модели најавуваат потреба од внимателност генерално на пределите, падините и рамнините  околу планините Шар Планина, Јакупца, Караџица, Бистра, Баба, Ниџе, Кожуф, Стогово, Осоговието, Огражден и Малешевските Планини.

Препорачувааат внимателно движење особено покрај реките и суводолиците поради можна појава на опасни води и свлечишта.