ТЕРА

REKLAMA???

УТРЕ ВО ХРВАТСКА ГЕНЕРАЛЕН БОЈКОТ НА ПРОДАВНИЦИТЕ

Хрватската интернет платформа „Ало, инспекторе“ за утре најави еднодневен генерален бојкот на продавниците и услугите во државата, трет од започнувањето на таа акција поради високите цени и еднонеделен бојкот на конкретен маркет од сабота, 8 февруари.

Според анкетата, следни на листата на еднонеделен бојкот се други два маркети.

За еднонеделен бојкот одлучија граѓани кои учествуваа во анкетата објавена на платформата на организаторите насловена: „Секоја недела по еден синџир“.

МИА