Утре ден на жалост во Бугарија

Министерскиот совет на Бугарија донесе одлука со која 24 ноември 2021 година е прогласен за Ден на национална жалост во спомен на жртвите од пожарот што на 22 ноември избувна во Домот за стари лица во селото Ројак во Општина Дулгопол и за настраданите во тешката автобуска несреќа на автопатот „Струма” на 23 ноември.

Владата изразува сочувство до роднините на жртвите. Во нивен спомен државните знамиња на сите државни институции ќе бидат спуштени на половина копје, соопшти прес-центарот на бугарската Влада.

Сподели