Утре многу топло со температури и до 38 степени

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Времето утре сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 12 до 19, а максималната од 30 до 38 степени.

Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има услови за краткотраен локален дожд. Дневните температури ќе опаднат за 3 до 4 степени. Потоа во наредните денови повторно ќе биде стабилно и многу топло.

Share.