Утре наутро до -10 степени во Битола

Времето до крајот на денот малку до умерено, а во западните и северните делови и значително облачно. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец.

Утре сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од -4 до 6 степени.

Утринската во Битола ќе се спушти до -10 степени, а дневната ќе достигне до -3 степени.

Времето во наредните денови стабилно и суво со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде утре и во петок кога на места ќе се спуштаат и под -10 степени. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. Во недела и понеделник ќе има појава на утринска магла по одделни котлини.

Сподели