Утре новинарите на протест пред владата

0
248

Претседателката на самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис ги повика сите новинари и загрижени граѓани утре на протест пред владата.

Утре во 11 часот собир пред Здружението на новинари на Македонија, од каде по кусата координација ќе се упатат пред Владата од која со протест во 12 часот ќе побараат на дело да покаже дека се залага за функионирање на секој сегмент на правната држава, особено кога во прашање е слободата на говор и физичкиот интегритет на новинарите.

Повод за протестот се заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани, од страна на висок партиски функционер на коалициониот партнер во владата ДУИ.