Утре претежно сончево со слаб ветер

Времет утре претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната од 8 до 17 степени.

Во Битола утринската ќе се спушти до -3 степени, а дневната ќе достигне до 12.

Следува период на стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските во следните два дена на повеќе места ќе бидат негативни и под просекот за овој период од годината.

Сподели