ТЕРА

REKLAMA???

УТРЕ СО ПРЕКИНИ ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ПОВЕЌЕ СЕЛА ОД РЕГИОНОТ

Од јавното претпријатие „Водовод“ информираат дека во текот на утрешниот ден 21.03.2025 (петок), поради  дефект на водоводната мрежа  (челична цевка Ф –  400), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул. „Кире Костадиновски“, Горно Оризари, Крклино, Кукуречани, Драгожани, Могила, Будаково, Трап, Алинци, Добрушево и Далбеговци

Прекинот ќе трае од 10:00 часот до завршување со активностите околу санацијата на дефектот.