Утре ќе пристигнат вакцините од Србија

Првата пратка од вакцините против ковид-19 од Србија, од производителот „Фајзер“, утре ќе пристигнат на граничниот премин Табановце, а според информациите, ќе ги достави делегација предводена од српскиот претседател Александар Вучиќ, соопшти владата.

Премиерот Зоран Заев заедно со министерот Венко Филипче ќе го пречекаат претседателот на Србија, Вучиќ.

Сподели