Утре во Битола ќе се одржи првата женска ноќна трка насловена „Биди своја“. Над 250 учеснички се пријавени да трчаат на трката, освен битолчанки ќе трчаат и припаднички на понежниот пол и од други градови. Ќе има и детска трка која ќе биде на 300 метри, а ќе трчаат деца до 14 години како и деца со попречености. Денеска дел од учесничките дојдоа да ги подигнат стартните пакети.

Да се биде своја е една од најважните работи што можете да ги правите во животот, вели Атанасовска. Тоа значи да ги прифатите вашите уникатни квалитети, интереси и личност, наместо да се обидувате да се усогласите со она што другите го очекуваат од вас. Кога сте доследни на себе, поголема е веројатноста да бидете среќни и исполнети во вашиот живот, вели таа.

За најдобрите натпреварувачки ќе има пригодни подароци. Организаторите најавија дека трката ќе прерасне во традиција.












