ТЕРА

REKLAMA???

УТРЕ ЌЕ СЕ ОДРЖИ СЕМАКЕДОНСКАТА СРЕДБА ВО ТРНОВО

Утре на 2 август, на големиот христијански празник Свети Пророк Илија – Илинден и Денот на државноста на Македонија, во дворот на црквата “Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново, битолско, ќе се одржи традиционалната 53 Светска Македонска Иселеничка Средба и 44 Погранична Средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија како Една и единствена Семакедонска средба Трново 2024, соопштија организаторите.

На Семакедонската средба се очекуваат Македонци од сите делови на Македонија, од светот и татковината.

Семакедонската средба започнува во 10.30 часот а ќе трае до 12.30 часот, по што ќе продолжи со општонародна веселба. Од 7.30 до 10.30 ќе се одржи света богослужба во црквата “Успение на Пресвета Богородица“, сите можат да присуствуваат.

Подготвена е богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат Културно-уметничкото друштво “Гоце Делчев“ од Битола и естрадни уметници.

Организаторите упатуваат јавна покана до сите Македонци, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината.