Утрово Битола во магла

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои околу пладне поинтензивни ќе бидат на запад, а во вечерните часови ќе се интензивираат на исток. Во јужните делови, каде се очекуваат и сончеви периоди, ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските од 5 до 13, во Битола до 10 степени, а дневните од 9 до 17, во Битола до 15 степени.

Утрово Битола беше во магла.

Утре променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд, а попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Сподели