Утрово 2 степени во Берово, 4 Лазарополе, 5 Битола, 6 Скопје-Петровец, Тетово, Струмица, Крива Паланка, Маврови Анови, 7 Демир Капија, 8 Куманово, Велес, Прилеп, Претор, 9 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Охрид, Кавадарци, Гевгелија, Крушево, 10 Виница, 12 Дојран.
Во текот на ноќта беше ведро, а утрово е сончево со слаб ветер од променлив правец.
Денеска утрото свежо, преку денот сончево со мала локална облачност претежно во северните региони. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени. Во Битола утрово 5 степени, дневната до 27.












