Утрово во Битола со слаб дожд и температура од 15 степени

Времето денеска променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. УВ=7

Утринските температури се движеа од 14 до 20 степени. Во Битола утрово 15 степени.

Дневните ќе се движат од 20 до 35, во Битола до 28 степени.

Утре променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер претежно во планинските подрачја. УВ=7

В среда сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. УВ=8

Сподели