Утрово во Битола -3 степени и снежна покривка од 6 см

Утрово најстудено со -8 степени беше на  Попова Шапка, -7 Маврови Анови, -6 Крушево, -4 Берово, -3 Крива Паланка, Битола, Прилеп, -2 Дебар, -1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Виница, Демир Капија, Куманово, Тетово, Охрид, Претор, 0 Дојран, 1 Струмица, 2 Гевгелија.

Највисока снежна покривка со 69 см има на Попова Шапка, 20 Маврови Анови, 14 Крушево, Ѓуриште, 11 Пожаране, 9 Демир Капија, 6 Битола, 4 Прилеп, 3 Кр.Паланка, 2 Скопје–З.Рид, 1 Тетово, Дојран.

Во текот на ноќта и утрово времето беше облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, особено во северните, западните  и југоисточните делови. Дуваше умерен до засилен северен ветер, кој на повеќе места достигнуваше брзина над 40, а во Штип над 55км/ч.

Времето денеска сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6 степени. Во Битола до -1 степен.

Сподели