Утрово во Битола беа регистрирани -1 степен.
Во текот на ноќта времето беше ведро со умерена локална облачност. Изутринава е променливо облачно со појава на магла по одделни котлини. Во Прилеп и Демир Капија хоризонталната видливост е ограничена на 50м.
Утрово и во Битола имаше магла.
Времето денеска променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени. Во Битола до 14 степени.












