Утрово укината забраната за тешки возила на Плетвар

Од 06:45 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег има во Прилеп, Железнец, Неготино, Демир Капија, Удово, Крушево на планинските превои Плетвар и Буково.Со помал интезитет на врнежи на снег има на Попова Шапка, Маврово и Агино-Миладиновци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели